fbpx

Запленетото овошје и зеленчук од акцијата на Кванташки пазар донирано во болници и во училишта

По завршување на координираната акција на Кванташкиот пазар, запленетата роба од овошје и зеленчук била донирана во болници, здруженија, училишта и во затворот Идризово, соопштија од Агенцијата за управување со одземен имот

-

По завршување на координираната акција на Кванташкиот пазар која денеска Агенцијата за управување со одземен имот и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ја спроведе заедно со Управата за финансиска полиција и МВР, запленетата роба од овошје и зеленчук била донирана во болници, здруженија, училишта и во затворот Идризово, соопштија од Агенцијата за управување со одземен имот.

Донации од запленетите овошје и зеленчук биле предадени во ЈУДД „11 Oктомври“ – Скопје, Државно училиште за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид ‘’Димитар Влахов ‘’ Скопје, ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална терапија и медицинска рехабилитација – Скопје, Здружение за слепи лица – Куманово, Ј.З.У Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ – Скопје, Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје и во КПУ Идризово.

„Изразуваме благодарност до сите надлежни институции за дадената поддршка и цврстиот став за решавање на проблемот со високите цени на производите. Се работи за доброто на граѓаните и секое заобиколување на законите ќе се санкционира, затоа што системот мора да функционира во целост со доследно почитување на законските прописи“, рече директорот Дритон Небиу.

Денеска над 30 инспектори беа на Кванташкиот пазар во Скопје и вршеа контрола на трговците со овошје и зеленчук. Од ДПИ најавија дека контролите ќе продолжат и во текот на наредниот период.

„Секој што ќе ги прекршува законите, ќе одговара без селекција. Сите акции ќе продолжат интензивно и нема да застанат на цела територија. Утврдено е дека на Кванташкиот пазар, а и низ цело Скопје и на цела територија, се лоцирани нерегистрирани трговци на мало. Сите што вршат нерегистрирана дејност, ќе одговараат по законите за кои е надлежен ДПИ. Постапуваме по Законот за трговија. Денеска одиме по друг принцип, ќе има и одземање на роба, по законите за кои сме надлежни“, изјави директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

Владата кон почетокот на месецов донесе одлука трговците и увозниците кои продаваат овошје и зеленчук да прибавуваат и да продаваат 70 отсто од количествата што ги продавале во јануари и февруари.

Од ДПИ објавија дека во периодот од 27 март до 9 април годинава извршени се над 1.100 инспекциски надзори и издадени се над 230 прекршочни платни налози во вредност од над 7,7 милиони денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...