fbpx

Законот за данок на солидарност доби поддршка да се носи по скратена постапка

Од ВМРО-ДПМНЕ веќе изјавија дека нема да ги поддржат донесувањето на овој закон, бидејќи „владата која е најголем извор на криминал и која што не се откажала од ниту еден трошок, сега измислува закон нови давачки за компаниите“

-

Со 62 гласа „за“, еден воздржан и ниту еден против, Собранието денеска го поддржа донесувањето на Законот за данок на солидарност по скратена постапка.

„Со оглед на тоа дека не се работи за обемен и сложен закон, се предлага да се донесе по скратена постапка. Целта на законот е секој да учествува во намирување на јавните расходи согласно своите економски можности и на солидарен начин да придонесе за ублажување на последиците од енергетската и ценовната криза. Воведувањето данок за солидарност е од општ интерес за сите граѓани, а базира на начелата на правичност, еднаквост и пропорционалност. Со Предлог-законот се врши усогласување со регулативата на Советот на ЕУ за итна интервенција за решавање на проблемот со високите цени на енергијата“, рече заменик-министерот за финансии Филип Николоски.

Преку плаќањето на овој вид т.н. данок на екстра профит, компаниите, како што претходно извести Министерството за финансии, кои во услови на криза оствариле вишок профит, пропорционално ќе придонесат за ублажување на последиците од кризата.

Целта на овој Предлог-закон, изјавија од Министерството за финансии, е секој да учествува во намирувањето на јавните расходи, во согласност со своите економски можности и на солидарен начин да придонесе за ублажување на последиците од ценовната и енергетската криза, при што е земена предвид европска регулатива.

На повидок нова давачка, Владата повторно во игра го става Законот за солидарност

Обврзник за плаќање на солидарниот данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари. Даночната основа за солидарниот данок е токму даночната основа за данокот на добивка за 2022 година пресметана во Даночниот биланс, или пак, ако е поповолно за компанијата, просекот од даночните основи за 2022 и 2021 година.

Од ВМРО-ДПМНЕ пред два дена изјавија дека нема да ги поддржат донесувањето на овој закон, бидејќи, според нив, има големи недоречености. Од опозициската партија изјавија дека „владата која е најголем извор на криминал и која што не се откажала од ниту еден трошок, сега измислува закон нови давачки за компаниите“.

„Солидарност значи кога сите заедно солидарно ќе учествуваме во нешто. Е сега владата која што е најголемиот извор на корупција и криминал, која што не се откажа од ниту еден трошок, која што ги полни во континуитет своите џебови сега има празен буџет и притоа измисли еден нов закон за данок на солидарност“, рече Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, Владата на почетокот на годината предложи ваков закон, предлогот стигна и до Собрание, но потоа беше повлечен откако не стигна на пленарна седница на усвојување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...