fbpx

Законот за амнестија на Лога не помина во Собрание, СДСМ гласаше против

Од 120 пратеници, само 15 гласале за носењето на законот, од ДУИ и од Алијанса за Албанците. Останатите 66 пратеници, меѓу кои и од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ биле против, а тројца гласале воздржано

-

Предложениот закон за амнестија на Министерството за правда на денешната седница не ја доби поддршката од пратениците. Министерот за правда Кренар Лога, сепак, не се откажува од носењето на ваков закон, со кој осудените до 6 месеци затвор целосно ќе бидат ослободени од издржување на казната, а на останатите осудени за полесни кривични дела ќе им се скрати казната за една третина.

Од 120 пратеници, само 15 гласале за носењето на законот, од ДУИ и од Алијанса за Албанците. Останатите 66 пратеници, меѓу кои и од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ биле против, а тројца гласале воздржано.

Предлагачот на законското решение, министерот за правда Кренар Лога, пред пратениците кажа дека со амнестијата ќе се овозможи социјализација, а ќе има и социјален ефект.

„Основна цел е алармантната состојба во затворите, а препораки и констатации се дадени од многу релевантни институции“, рече Лога, но сепак мнозинството пратеници не ги прифати неговите аргументи и предложениот закон беше отфрлен.

Пред почетокот на седницата тој на пратениците им подели албуми со фотографии од затворот „Идризово“, на кои се гледа лошата состојба во која се наоѓа казнено-поправната установа. Лога на својот последен брифинг со новинарите кој го одржа на 28 септември најави дека ќе им подели ваков албум на пратениците, а рече и дека ќе им даде огледало „затоа што секој од нив може да се најде во такви услови“.

Тој денеска најави дека деновиве повторно ќе го предложи Законот за амнесија, но сега по редовна постапка. Лога констатира дека потребата за носење на законот по скратена постапка не поминала бидејќи станувало збор за одмазда, бидејќи тој и Алијанса на Албанците не ги поддржаа измените на Кривичниот законик.

„Македонија денеска е понеправедна држава од вчера. За жал јас ова го гледам како одмазда за неподдршката од моја страна и од мојата партија за измените на Кривичниот законик“, рече Лога.

Инаку, Лога одби да го потпише контроверзниот Кривичен законик со кој се намалија казните за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и несовесно работење во службата, нешто што донесе застарување на голем број предмети за криминал и корупција од страна на функционери. Наместо него, потпис стави неговата заменичка Викторија Аврамовска Мадиќ.

Закон за амнестија беше предложен и изгласан и во 2018 година, кога беа ослободени или им се намали издржувањето на затворска казна за одредени категории лица кои не извршиле тешки кривични дела. За разлика од законот во 2018 година, во овој закон беше додадено и семејното насилство како дело за кое ќе нема амнестија.

Експертската јавност, наместо амнестијата, се залагаше за примена на пробацијата за осудените лица. Пробацијата ја организира стручна служба организирана на ниво на Сектор во Управата за извршување на санкции и спроведува надзор над извршување на казните без лишување од слобода, поточно над алтернативните мерки: условна осуда со заштитен надзор, општокорисна работа и куќен затвор, како и над извршувањето на условниот отпуст, изречени со одлука на судовите.

Пробациската служба врши надзор на осудените лица и им нуди поддршка, а целта е да се одржи безбедноста во заедницата со подобрување на ресоцијализацијата и рехабилитацијата на лицата над кои се извршуваат пробациски работи, како и да се намали затворската популација. Со амнестијата, никој немаше да врши надзор врз осудените лица, од кои голем дел се повторувачи на кривични дела.

Закон за амнестија: Од затвор ќе излезат 250 осуденици, а на ред чекаат да влезат 2.000 нови

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...