fbpx

Заев: Може да сонуваат за избори во 2018 година

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека спомнувањето на Армијата од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов е „сериозно и забегано“ и му порача „ни на крај памет да не му паѓа да го прави тоа“.

– За вчерашниот срамен чин на Ѓорге Иванов тешко е да се дава каков било коментар. Пресериозни работи беа соопштени од страна на човек којшто извршува функција претседател на Македонија. Тврдењата дека имало разузнавачки информации за граѓанска војна, ќе бидат сериозни само ако тој јавно ги објави сите документи и докази за таквите информации. Премногу сериозно и дури забегано е да се спомнува Армијата и се надевам дека сите нè загрижи таа негова најава на вчерашната прес-конференција. Не дај Боже да му падне на памет да прави вакви глупости поради тоа што во Македонија ниту има потреба од тоа, ниту тој има некаков кредибилитет и легитимитет за тоа – изјави Заев.

Тој додаде дека граѓаните што протестираат бараат да бидат вклучени во процесот, а дека Иванов треба да си поднесе оставка.

Според Заев, најдобро би било Иванов да поднесе оставка на 26 септември за на 6 ноември да има избори. Тој додаде и дека за избори во 2018 година, власта може „само да сонува“.

– Може да сонуваат за избори во 2018 година. Ова не го направивме за да владеат. Што мислат, да постигнеме договор, па до 2022 година да останат на власт? Ова е криминална банда и треба час поскоро да замине од власта во Република Македонија. Ние немаме против да одиме на локални избори, но зошто граѓаните и Македонија да губат некои дополнителни шест или седум месеци? Ајде, есенва да излеземе на избори! Јавно ги кажувам нашите услови поради тоа што тоа се минимум услови што произлегуваат од Договорот од Пржино – додаде Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...