fbpx

Заев: „Ист Гејт Мол“ ќе биде најголем трговски центар во регионот со светски брендови и нови вработувања

-

Новиот „Ист Гејт Мол“ во Скопје, кој треба да биде отворен наесен, ќе биде модерен трговски центар, најголем во регионот. На површина од 160.000 квадратни метри во него, покрај другото, ќе бидат сместени реномирани трговски марки, 250 локални и меѓународни брендови, што ќе значи отворање на голем број работни места, но и привлекување нови инвеститори. Вкупната инвестиција изнесува над 350 милиони евра за нашата земја, а на комплексот со бруто површина од 500.000 квадратни метри, покрај трговскиот центар, се содржани и 10 станбени и 5 деловни згради, кина, ресторани, маркет и друго.

Премиерот Зоран Заев денеска направи обиколка на „Ист Гејт Мол“, заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и за економија Крешник Бектеши, при што се информираа за тековните инвестициски активности на овој проект.

„Градежништвото развива 70 дејности и поддејности и е економска гранка што значајно учествува во БДП, во создавање работни места со квалитетни плати. Сите што донесоа одлука да се спротивстават на пандемијата со инвестиции, посебно во градежништвото, направија одличен избор кој ќе им се врати со успех“, изјави Заев и додаде дека Владата го поддржува стопанството, а како пример, рече дека заклучно со 5-ти март, од бескаматната кредитна линија „ковид 3“, се исплатени 23,5 милиони евра за 2.053 корисници, поточно, на речиси 97 отсто од корисниците со одобрени кредитни барања.

Според Игор Давков, извршен директор на „Скопје Ист Гејт“ истакна дека „Ист Гејт Мол“, е новото срце на градот Скопје, кој за само неколку месеци, ќе биде најатрактивната дестинација.

„Ист Гејт Мол“ ќе се простира на 5 нивоа и ќе располага со 57.000 м2 вкупна површина за изнајмување. Тој ќе нуди нуди повеќе содржини на едно место: широк избор на мода и уникатни брендови, услуги, игротека, 8 кино сали, 7 фини ресторани, оддел за брза храна со 800 места, хипер маркет, салони за мебел и бела техника, и ќе биде единствен мол со опкружување од зелени паркови кои чинат површина од 12.000 м2. Со проектот се развиваат и нови улици, нови приоди кон автопатот, осветлување, зелени појаси и паркови“, истакна Давков.

Во „Ист Гејт Мол“ ќе бидат присутни и шпанскиот моден гигант „Индитекс“, со брендовите „Зара“, „Зара Хом“, „Масимо Дути“, „Ојшо“, „Страдивариус“, „Бершка“, „Пул анд Бер“, како и полската модна групација „Ел пи пи“, со брендовите „Ризрвд“, „Мохито“, „Хаус“, „Синсеј“ и „Кроп“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...