fbpx

За вториот уписен рок останаа 23.017 места во средните училишта

-

Во вториот уписен рок, слободни места во средните училишта во Македонија има за вкупно 23.017 ученици од кои:
• 15.392 слободни места за настава на македонски наставен јазик;
• 6.728 слободни места за настава на албански наставен јазик;
• 845 слободни места за настава на турски наставен јазик;
• 34 слободни места на српски наставен јазик и
• 18 слободни места за ученици што повторуваат учебна година.

Во Република Македонија во учебната 2014/2015 година деветто одделение завршија вкупно 21.876 ученици. Во согласност со измените на Законот за средно образование, средното образование од учебната 2008/2009 година е задолжително за сите ученици. За таа цел се обезбедени доволен број слободни места, вкупно 35.443 ученички места во сите јавни средни училишта во Република Македонија.

Првото пријавување во првиот уписен рок во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2015/2016 година беше на 22 и на 23 јуни 2015 година, а резултатите од запишувањето и слободните места се објавија на 24 јуни 2015 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...