За He-Man има анимирани филмови на Нетфликс, но сѐ уште нема добра видео игра

Само повозрасните генерации се сеќаваат додека беа деца на возбудата да се купи He-Man играчка од Бит пазар и да се добие Грингер за Нова Година или роденден од родителите или старателите. Секако имаше и играчки Тела и Орко, за девојчињата

И покрај тоа што франшизата “He-Man” има нови анимирани филмови на Нетфликс, сѐ уште нема добра He-Man видео игра. Серијата He-Man and the Masters of the Universe беше вистински хит за генерацијата Икс, па и за Милениумците.

За жал, синхронизациите од Македонска радио телевизија сѐ уште не се прикачени на YouTube, но во оригиналниот англиски, сите епизоди може да се видат тука. Исто така, има содржини и од нашите соседи на Балканот, односно целиот серијал тука на српски јазик.

А ова е трејлерот за најновата верзија на He-Man на Нетфликс: 

Но сѐ уште не постои понова видео игра за овој фантазиски „универзум”. Иако, има некои постари што вреди да се спомнат, но немаат којзнае каква популарност….

Најдобрата игра моментално на оваа тема е бесплатна за симнување и се игра и на мобилен телефон, а е во ретро флиперски стил и направена од фанови:

Друг значаен пример е појавувањето на ликовите He-man и Скелетор во играта Soul Calibur VI (во стил на тепачка игра, но со мечови)

Другите верзии за еволуцијата на He-man игрите се покриени на YouTube на каналот Erin Plays, во следното видео: 

Имаше и филм за He-man што може да се изгледа овде на YouTube, но тоа е лошо направен фантазиски филм од 1980-те.

Само повозрасните генерации се сеќаваат додека беа деца на возбудата да се купи He-Man играчка од Бит пазар и да се добие Грингер за Нова Година или роденден од родителите или старателите. Секако имаше и играчки Тела и Орко, за девојчињата.

Вакви играчки, како и новите верзии на акциони фигури можат да се купат не само на интернет, туку и во Стрип Книжарница “Бункер” во Скопје и евентуално во “Гоблин” Друштвени Игри.