fbpx

За борба против даночна евазија и сива економија, потпишана Конвенцијата на ОЕЦД

-

Со цел борба против даночната евазија и сивата економија, Македонија ја потпиша Конвенцијата за заемна административна помош за даночни прашања на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Советот на Европа, информираат од Министерство за финансии.

„Станува збор за Kонвенција потпишана од повеќе од 120 држави. Taa овозможува даночна соработка меѓу потписниците преку размена на информации, соработка при наплата на даноци, заеднички даночни контроли и слично. Конвенцијата претставува глобален инструмент за даночна соработка помеѓу државите и воедно најопширна мултилатералнa конвенција за размена на информации и даночна соработка. Меѓу земјите потписнички се и земјите од Г-20 и земјите членки на ОЕЦД. Од регионот потписнички на конвенцијата се Албанија, Бугарија, Хрватска и Словенија“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...