fbpx

За 48 часа издадени се потврди на вкупно 2.055 мигранти

-

Во рок од дена издадени се потврди на вкупно 2.055 странски државјани, од кои, 1.138 се од машки пол, 301 се од женски, 483 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 133 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.115, Авганистан – 618, Ирак – 175, додека другите се во помал број.

Од 19 јуни годинава, досега се издадени потврди на вкупно 132.782 странски државјани, од кои, 86.819 се од машки пол, 17.704 се од женски, 23.378 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 4.881 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...