fbpx

За 24 часа во земјава влегле 4.481 бегалец

-

Во текот на вчерашниот ден, издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 4.481 странски државјанин, од кои 2.060 се од машки пол, 914 се од женски, 1.195 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, а 312 се деца што патуваат без родител.

Од МВР соопштуваат дека според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија (2.311), Авганистан (1.491) и на Ирак (679), додека другите се во помал број.

Во соопштението се наведува дека во текот на вчерашниот ден, до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Министерството за внатрешни работи утринава соопшти дека состојбата на границите е редовна, при што не се забележани значителни промени или вонредни настани. На границата со Грција има неколку илјади лица од кои се пропуштаат само мигранти од Сирија, Авганистан и од Ирак, додека на северната граница нема поголеми задржувања, а во транзитниот центар Табановце нема стационирано мигранти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...