fbpx

Водата од штипскиот водовод може да се пие

-

По речиси еднонеделн забрана, од денеска водата од градскиот водовод во Штип е хемиски, бактериолошки и физички исправна за пиење. Речната вода од Брегалница ги поплави бунарите од каде со вода за пиење се снабдуваат граѓаните на Штип.

Според директорот на ЈП „Исар“, Ане Бојаџиев, поплавите не предизвикале некои поголеми проблеми во водоснабдувањето во општината. Оштетен е колекторот во река Отиња, кој е отстранет. Сега се работи на заштита на колекторот за да се спречат понатамошни негови оштетувања во иднина.

За разлика од Штип, без вода за пиење остануваат наелените места од општината Чешиново-Облешево. Деновиве таму се работи на поставување заштитен појас за да не дојде до ново поплавување од Злетовска Река.

– Меѓутоа, главната битка во оваа општина допрва претстои. Институциите предупредуваат на појава на глодари, поради што Центарот за јавно здравје од Кочани најави акција за поставување отров по полињата. Поплавени се и повеќе домови – соопшти Борче Сандев од општинската администрација.

За да се спречи појава на заразни болести, Центарот ќе ги дезинфицира поплавените простории. За општината Чешиново-Облешево во моментот најважна е превенција од нови поплави, а пота на ред доаѓаат и последиците од надодјената вода од минатата недела.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...