fbpx

Во Србија се одржуваат руски воени вежби, во Црна Гора – НАТО-вежби

-

Во Србија денеска почна мултинационална воена вежба „Словенско братство 2016“, во која учествуваат 212 припадници на војската на Русија, 56 војници на Белорусија и 450 припадници на војската на Србија. Вежбата ќе трае до 9 ноември, а целта, според српското министерство за одбрана, е унапредување на оперативната способност за решавање задачи и за изведување противтерористички операции во мултинационално опкружување.

Ова е втора руско-српска воена вежба во Србија, а се одржува во моменти кога се зачестени критиките дека Србија премногу се врти кон Москва, наместо нејзината надворешна политика да ја усклади со ЕУ, како земја кандидат.

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, изјави дека Србија е независна воено неутрална земја, која самостојно и самосвесно одлучува со кои партнери ќе има воени вежби. Дачиќ наведе дека Србија и Русија имале само две воени вежби, додека со НАТО и со земјите членки одржала повеќе од 20 вежби.

Една од тие вежби денеска завршува во Црна Гора, во која учествуваат повеќе стотици луѓе од 32 земји членки на НАТО и од партнерските организации, меѓу кои се и Србија, Македонија и Босна и Херцеговина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...