fbpx

Во последните четири години опфатот со МРП вакцината е под 90 отсто

-

Падот на опфатот со првата доза на МРП вакцината (против морбили, паротитис и рубеола) е силно поврзан со влијанието на антивакциналното лоби кое зема засилен замав и во нашата земја, па многу родители или ја одбиваат МРП вакцинацијата или ја одложуваат до поголема возраст на своите деца.

Ако се погледнат бројките од извештајот за имунизација кој го прави Институтот за јавно здравје, се забележува дека во однос на вакцинацијата со прва доза на МРП вакцина, која се дава на возраст од 12 месеци, во 2017 е регистриран опфат од 82,6 oтсто, што незначително се разликува во однос на 2016 година кога опфатот бил 82,1 отсто.

Но, почнувајќи од 2014 година, се бележи континуирано намалување на опфатот, а последите три години, опфатот со МРП вакцинацијата континуирано е под 90 отсто.

За разлика од опфатот со првата доза, опфатот со втората доза кај деца на 6 годишна возраст, односно во прво одделение е значително повисок. Во 2017, опфатот со втората доза на МРП вакцината е 97 отсто, што е повеќе од 2016 година, кога опфатот бил 93,3 отсто, како и од просечниот опфат за изминатиот петгодишен период, кој изнесува 94,8 отсто.

Што се однесува до поврзаноста на оваа вакцина со аутизмот, студијата што во 1998 покажала некаква поврзаност со аутизмот е побиена, а трудот во кој била изнсена оваа студија бил повлечен од списанието во кое бил објавен. Оттогаш се направени бројни студии во кои биле споредувани стотици илјади деца кои ја примиле МРП вакцината со деца кои никогаш не ја примиле вакцината, при тоа е утврдено дека ризикот за појава на аутизам е еднаков во двете групи, што ја отфрла теоријата дека МРП вакцината предизвикува аутизам.

„Мета“ веќе пишуваше дека колективниот имунитет во државата е „опаднат“, а министерот за здравство Венко Филипче веќе најави мерки за зголемување на опфатот со вакцинација.

– Согласно Акцискиот план, приоритетни области за дејствување, во кои е вклучена и нашата држава се набавка на квалитетни вакцини, ефикасна контрола врз процесот на имунизација, пристапност до вакцините и континуирана промоција и едукација на бенефитите од вакцинацијата – изјави министерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...