fbpx

Во февруари 700 луѓе заразени со овчи сипаници, а повеќе од 3.000 од грип

„Земјите се соочуваат со мешана циркулација на вируси на грип. Се детектираат вирусите на грип тип А и Б“, се додава во соопштението од ИЈЗ

-

Во С. Македонија во текот на месец февруари, пријавени биле вкупно 3.087 случаи на грип, а во ноември оваа бројка била 202, наведено е во последниот извештај на одделот за заразни заболувања при Институтот за јавно здравје, кој се однесува на акутните заразни заболувања. Најчесто акутно заразно заболување во февруари е овчи сипаници, со вкупно 700 пријавени лица.

Во февруари, во државата пријавени биле вкупно 890 заболени лица од акутни заразни заболувања (без ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ).

„Во сезоната 2022/2023, вкупниот број на случаи на грип односно заболувања слични на грип, изнесува 8.193. Најчестите заразни заболувања (овчи сипаници и ентероколити), учествуваат со 91 отсто во вкупниот број на заболени, а со 91,6 отсто во десетте најчесто пријавени акутни заразни заболувања во месец февруари“, пишува во извештајот.

Како што е наведено, согласно извештајот на „Flu News Europe“, активноста на грипот продолжува да се зголемува низ европскиот регион и покажал порана сезонска активност споредено со периодот пред ковид-19 пандемијата.

„Земјите се соочуваат со мешана циркулација на вируси на грип. Се детектираат вирусите на грип тип А и Б“, се додава во соопштението од ИЈЗ.

Инаку, најчесто регистрирано акутно заразно заболување во земјава се овчи сипаници, со вкупно 700 пријавени лица. Тие, во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 78,7 отсто, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 79,2 отсто.

„Во однос на поделбата на акутните заразни заболувања по групи во февруари, најголем број припаѓаат на капкови заболувања. Од нив, најголемиот број (98 отсто) го чинат пријавите за овчи сипаници. Во оваа група се пријавени 20 случаи на
скарлатина и 11 случаи на инфективна мононуклеоза“, пишува во извештајот за актутните заразни заболувања.

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани 9 заболени лица и тоа пријавени се четири случаи на вирусен хепатитис Б, два случаи на хламидија и по еден случај на вирусен хепатитис Ц, сифилис и гонореја. Во групата на останати акутни заразни заболувања, во февруари се регистрирани 19 случаи, од кои 18 случаи на шуга и 1 случај на неодреден вирусен хепатит.

Во текот на месец февруари, пријавени се два нови случаи на ХИВ/СИДА. Двете пријавени лица се од машки пол. Едното лице е од Скопје, а другото од Берово. Лицата се на возраст од 25-59 и се хетеросексуалци. Смртни случаи од ХИВ/СИДА во февруари не се регистрирани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...