fbpx

Власта ќе го разгледа предлогот на опозицијата за законот за јавно обвинителство

-

Премиерот Зоран Заев посочи дека предлогот на ВМРО – ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство ќе биде разгледан низ работните групи. Тој посочи дека првпат слуша за предлогот и нагласи дека не сака да води преговори на оваа тема преку медиумите. Решението за воспоставување обвинителство за гонење на висока корупција треба убаво да се разгледа, посочи Заев.

Од друга страна, потенцира премиерот, не треба да се дозволи партиите кога ќе им текне да менуваат обвинители.

– Едни се настаните од 27 април и многу други и тоа е уште една причина буквално да не испраќаме порака дека политичарите меѓусебе тајно на работни групи се договараат каде што има допирни точки, таму каде што е недозволиво – посочи Заев.

Реакцијата на премиерот доаѓа по денешната информација на пратеникот Антонио Милошоски дека ВМРО-ДПМНЕ доставила предлог во однос на предлог законот за обвинителството.

– Ние сметаме дека досегашниот стандарден модел треба да се задржи да остане обвинителството за гонење на криминал и висока корупција како единствено, неподелено обвинителство, да нема нови хибридни решенија – изјави Антонио Милошоски.

Притоа, од опозициската ВМРО – ДПМНЕ бараат преземањето на надлежностите на СЈО од ова обвинителство да се реши со закон, којшто ќе вклучува и методологија за избор на новиот обвинител за организиран криминал со која опозицијата, Собранието и Комисијата за избори и именувања ќе имаат битна улога.

Опозицијата, бараат од ВМРО – ДПМНЕ, да предложи една личност од оние што ќе конкурираат. Воедно, за оваа позиција треба да можат да се номинираат и лица од академската фела, посочуваат од ВМРО – ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...