fbpx

Владата со нови мерки за поддршка на економијата во криза, опозицијата бара стратегија

-

Премиерот Оливер Спасовски денеска го промовираше третиот пакет на мерки за помош на економските субјекти во земјава. Мерките опфаќаат бескаматни кредити, државни гаранции, кофинансирања и дигитални алатки со кои ќе се поддржат домашните компании.

Преку Развојната Банка на Северна Македонија на компаниите ќе им се понудат нови бескаматни кредити од 31 милион евра за поддршка на жените, младите и дигитализацијата во бизнисот.

– Оваа бескаматна кредитна линија во вредност од 31 милион евра ќе биде достапна за сите микро и мали компании а истата ќе понуди и 30 отсто грант (неповратни средства) за оние компании кои се водени или основани од жени или вработуваат млади лица, се извозно ориентирани или воведуваат иновација и дигитализација во нивното работење – изјави премиерот Спасовски.

Тој најави дека државата става на располагање финансиски средства за поддршка на старт ап, мали и микро компании преку комерцијални банки со 10 милиони евра иницијален капитал за полесен пристап до финансиски средства за поддршка на приватниот сектор, преку преземање на дел од кредитниот ризик за комерцијалните кредити.

Воедно, со 3 милиони евра државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг се поддржува извозот и се олеснува пристапот на суровини, изјави Спасовски.

– Дополнителни 25 милиони евра се обезбедени за компаниите преку програмата за зајакнување на конкурентноста на индустријата, им помагаме на компаниите за освојување на нови пазари, зголемување на нивната конкурентност како и модернизација на процесите – истакна премиерот.

Спасовски најави дека текстилната индустрија ќе добие помош од 1 милион евра за да се создаде дигитална платформа преку која тие ќе може да ги пласираат своите производи на нови пазари. За старт-ап иновативни продукти и услуги се издвоени 1,6 милиони евра, како и трансформирање на македонското туристичко село во Нерези во македонско СТАРТ АП село.

Владата ќе издвои и 245.000 евра за помош на компаниите преку субвенционирање на 50 отсто од трошоците за организација на настани, обуки и конференции, до максимален износ од 30.000 денари.

Со новиот пакет мерки на помош се издвоени 76,1 милиони евра за поддршка на земјоделскиот сектор.

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваат дека новите владини мерки ќе помогнат на економијата.

„Најтешкиот период од кризата стопанството ќе треба да го преживее без помош. Со ова се отвора ризик голем број на фирми да пропаднат, а илјадници работници да останат без работа или со влошена егзистенција“, критикуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата во своето соопштение тврдат дека СДСМ немале стратегија за излез од кризата, најавувајќи дека ако дојдат на власт, преку активни инвестиции ќе ја стимулираат економијата. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека за надминување на корона кризата е потребно силно инвестирање во инфраструктурата, засилен влез на странски инвестиции, царинска гилотина и воведување на рамен данок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На 79-годишна возраст почина актерката Снежана Стамеска

Денеска почина 79-годишната актерка Снежана Стамеска, соопшти Драмскиот театар Скопје. Таа беше првенка на овој театар и една од ведетите на македонското глумиште. Стамеска димпомирала на Театарската академија во Белград...