Владата, во рамките на продолжението на работата на 171 редовна седница, ја усвои Одлуката за одобрување на средства од буџетот за 2019 година за купување на делот на „ГА-МА“ АД Скопје.

„Со оваа одлука средствата од буџетот за 2019 година, во висина од 1.930.000.000 денари (31,382,114 евра) ќе бидат уплатени на буџетот на посебна наменска сметка на Национални енергетски ресурси АД (НЕР АД), за да се искористат исклучиво за намената, односно за докапитализација на сопственоста на „ГА-МА“ АД, како компанија, која согласно регулативата на ЕУ, ќе биде увозник на гас во нашата земја“, се вели во соопштението на Влада.

По 12 години спор, Владата и „Макпетрол“ АД Скопје постигнаа согласност да се склучи спогодба со која вонсудски ќе се завршат судските спорови во врска со „ГА-МА“ АД Скопје.