fbpx

Владата ја одбрала најскапата варијанта за патот Тетово-Призрен поради постоечката инфраструктура

-

Предноста на поврзувањето со скијачкиот центар Попова Шапка и модерната патна структура (асфалтирана) која само треба да се реконструира. Ова е одговорот од Владата на прашањето на Порталб.мк во врска со нивната одлука да ја одбрерат најскапата траса за изградба на ветениот пат Тетово-Призрен и покрај препораките на експертите, пишува Порталб.мк.

Во октомври минатата година Порталб.мк информираше дека Владата ја одобрила трасата низ која ќе треба да минува патот Тетово-Призрен. Според физибилити студијата што беше направена во 2013 година, должината на патот треба да биде 40,6 километри, во чии рамки е предвиден и тунел од 6,4 километри. Избраната варијанта е поскапа од онаа што е препорачана од експертите кои ја направија анализата за економската оправданост. Според нивните препораки, најповолна траса е варијантата со тунел со должина од 3,2 километри.

Порталб.мк се обрати со прашање до Владата за причината поради која ја одбрале оваа варијанта, но од таму дадоа образложение само за првиот дел од патот, но не и за прашањето за должината на тунелот, за што според експертите, трошоците се многу високи и од економски аспект се неоправдани.

„Комисијата од повеќе институции ги разгледа резултатите од физибилити студијата изработена од проектантот за предлогот за трасата за поврзување на Република Северна Македонија со Косово со автопат, поточно од Тетово до Призрен, при што беа земени во предвид позитивните и негативните карактеристики на секоја варијанта“, соопштија од Владата.

Од таму објаснуваат дека како прва варијанта е земена трасата која почнува од Тетово (точка 9), поминува низ Попова Шапка (точка 10), потоа низ Шипковица и завршува во Бродец (точка 2), со должина од 13 километри.

Според нив, втората варијанта е трасата која почнува од Тетово (точка 1) и оди преку течението на реката Пена до Бродец (точка 2), со должина од 8,5 километри.

Извор: Порталб.мк

„Како заклучок од изнесените решенија е констатирано дека за почетниот дел најпогодна е првата варијанта, поточно трасата која почнува од Тетово, поминува низ Попова Шапка и завршува во Бродец, со должина од 13 километри. Причината за изборот на оваа траса е предноста на поврзувањето со Центарот Попова Шапка и актуелната современа патна конструкција (асфалтирана) која само треба да се реконструира“, објаснуваат од Владата.

Што се однесува до вториот предлог, тие велат дека иако е пократок за 4,5 километри, на таа траса нема изградена инфраструктура, односно тоа е само земјен пат, за кој ќе биде потребна целосна изградба со предупредување дека поради близината со реката Пена ќе треба да се изградат голем број носечки објекти од типот на потпорни ѕидови и столбови, со што дефинитивно ќе се зголемат трошоците за овој проект.

„Исто така, стрмнината на нивоата како техничко решение за втората варијанта ќе биде со поголема вредност, што ќе влијае на зголемување на обемот на одржувањето и заштитата на овој патен сегмент“, објаснуваат од Владата.

И покрај тоа што изградбата на патот требаше да започне во 2014 година и да заврши во 2018 година, неговата изградба ДУИ ја ветува во рамки на четири изборни циклуси наназад.

На 17 септември 2021 година премиерите на Северна Македонија, Зоран Заев, и на Косово, Албин Курти, потпишаа „Меморандум за разбирање” во врска со ветениот пат Тетово-Призрен. Порталб.мк го обезбеди оригиналниот документ на меморандумот, кој содржи 6 члена.

Премиерот на Косово Албин Курти, заедно со кандидатот на Самоопределување за градоначалник на Општина Призрен, Митахер Хаскука (кој не победи на изборите) на 13 ноември 2021 година за време на предизборната кампања објавија видео во кое го претставија проектот за патот Призрен – Тетово и ветија дека ќе биде целосно завршен во рок од 2-3 години.

„Заедно со Владата на Северна Македонија се договоривме оваа година да го проектираме патот, а следната година да го реализираме истиот во целост. Се надевам дека за две-три години ќе патуваме заедно од Призрен до Тетово, на по едно кафе“, изјави тогаш Курти.

По заминувањето на Заев од премиерската функција, неговиот наследник Димитар Ковачевски на средбата со амбасадорот на Косово во Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, во месец август 2022 година најави дека до крај на годината ќе има уште една средба меѓу Владата на Косово и таа на Северна Македонија. Но, оваа средба сè уште не е одржана.

Во јануари годинава, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа зошто постапката за изработка на документацијата трае неколку години, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски нагласи дека за реализација на еден ваков голем проект потребна е една добра анализа.

Што се однесува до патот Тетово-Призрен во „Бомбата број 38” објавена кон средина на јуни 2015 година, поранешниот заменик министер за транспорт и врски на Македонија Тахир Хани од редовите на Демократската унија за интеграција се слуша како бара од лидерот на ДУИ, Али Ахмети да интервенира кај поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој одбивал да ја подготви физибилити студијата, предизборно ветување дадено од Ахмети.

Во моментов патот од Тетово до Призрен е долг 109 километри, но со новиот пат се очекува да се скрати за 69 километри, односно овој пат да биде долг само 40,6 километри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...