fbpx

Владата го става во мирување прогресивниот данок следните три години

-

Владата ќе го „замрзне“ прогресивното оданочување на три години, а ќе го врати рамниот данок. Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска на прес-конференција ја образложи одлуката на Владата.

„Анализиран е периодот од првите шест месеци од оваа година со првите шест месеци од лани. Ефектот од прогресиовниот и повисок данок на личен доход е тоа  предизвика ефект на даночно избегнување, односно изгубени се околу 50 проценти од даночните приходи кои можеше да се соберат. За еден процент е намалена нееднаквоста, односно има незначително подобрување на распоредот на доход“, изјави Ангеловска.

Таа додаде дека во следните 36 месеци, стапката од 10 проценти оданочување ќе се применува на доходот од работа, од самостојна дејност, од авторски и сродни права и од продажба на сопствени земјоделски производи.

„Заедно со тоа ќе биде ставена во мирување и стапката од 15 проценти односно стапката од 10 проценти ќе се применува и за доход од права од индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капитални добивки, осигурување и друг доход“ додаде таа.

Министерство за финансии предлага и одложување за три години и на данокот на капитални добивки од хартии од вредност и на одредбата за данок на доход од камати од депозити.

Ангеловска нагласи дека не станува збор за укинување на мерките, туку само за одложување од три години, период во кој како ресорно Министерство ќе се посветат на изработка на дизајн на оптимални решенија и подигнување на свеста и довербата во даночниот систем. Според нејзе, прогресивното оданочувањето било воведено во лош тајминг односно кога граѓаните и компаниите не биле подготвени и немале доволно доверба во системот, за да плаќаат повеќе.

Измени има и кај Законот за додадена вредност, односно се зголемува висината на прагот за регистрација за ДДВ од сегашните еден на три милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...