И украинскиот министер за надворешни работи поднесе оставка

Оставки веќе поднесоа неколкумина министри во Владата на Украина

-

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба поднесе оставка, соопшти претседателот на Врховната, рада Руслан Стефанчук.

Оставки вчера поднесоа и потпретседателката на украинската Влада за европски интеграции Олга Стефанишин, министерот за стратешки индустрии Олександар Камишин, минитерот за правда Денис Маљусик, министерот за заштита на животната средина и природни ресурси Руслан Стрлиц и шефот на Фондот за државен имот Виталиј Коваљ.

Зеленски вчера го разреши и Ростислав Шурм од местото заменик на шефот на кабинет на претседателот. И шефот на парламентарната фракција „Слуга на народот“ Давид Арахамија најави оставка, а според неговата изјава, 50 отсто од кабинетот ќе „доживее промена“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фон дер Лајен го претстави новиот состав на Европската комисија

Претседателката на Европска комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен го претстави новиот состав на ова тело. Политичкото тргување го одложи претставувањето на тимот на Фон дер Лајен, откако таа беше...