Владата го испраќа во Собрание законот за обештетување на уште 1.600 стечајци

-

Предлог-законот за обештетување уште 1.600 стечајци од фирми во доминантна сопственост на државата бил усвоен на вчерашната 82. седница на Владата и е испратен во Собранието. На вчерашната седница владиниот кабинет исто така донел одлука да го реши проблемот со одлагањето на ѓубрето и го задолжила ЕЛЕМ да обезбеди еден од ископите кај ТЕЦ Осломеј за складирање на ѓубрето.

Со предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, се предвидува надомест за 1.600 работници, без разлика дали биле вработени на определено или на неопределено време или пак престанокот на работа бил по волја на работникот или по негова вина.

Исто така, министрите на вчерашната седница на владиниот кабинет ја усвоиле Информацијата за времена комунална депонија во Општина Кичево, и го задолжиле АД ЕЛЕМ да обезбеди место за времено складирање на комунален отпад на некоја од локациите на ископите на ТЕЦ Осломеј Кичево.

Вчера биле одобрени и повеќе од 100 договори за  финансиска поддршка на инвестиции, според Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Во оваа бројка влегуваат и домашни фирми. Сите што ќе добијат пари на подарок од владата ќе мора да ја докажат реализацијата на инвестициите, пред да бидат исплатени предвидените суми. Дополнително, владата бара компаниите што треба да добијат финансиска поддршка да достават потпишана изјава за конфликт на интереси.

На 82. седница, Владата вчера ја усвоила и Информацијата за состојбата со правичната застапеност на вработените во Управата за јавни приходи (УЈП), и ја задолжила УЈП да направи план за превземање на дел од вработените преку Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор што досега добиваа плати, а не одеа на работа.

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде разрешен релативно...

Најновиот пач во World of Warcraft имплементира Need For Speed моменти

Најновиот пач за World of Warcraft The War Within, од новата втора сезона доаѓа со PvP и Mythic+ Dungeons, како и нов Raid - но најбитната каратеристика на овој додаток е...

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за крај на војната во Украина, соопштија американски претставници по средбата

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за ставање крај на војната во Украина, соопшти американскиот Стејт департмент, по разговорите на високо ниво во Саудиска Арабија со претставници на Русија. Како...

Студентите го демантираат демантот на Националната опера и балет

Националната опера и балет (НОБ) со официјален демант се обидува да ги неутрализира негативните ефекти од веста дека студентите биле спречени да користат попусти при купување билети за тамошните претстави, иако...

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде...