fbpx

Влада: Со 35 милиони евра ќе се реализираат 99 инфраструктурни проекти во 75 градови

-

Со парите од концесионерот ТАВ, кои беа наменети за изградба на карго аеродром во Штип, ќе се финансираат проекти низ целата држава, соопштија портпаролите на Владата Душко Арсковски и Муамед Хоџа.

Како што истакна Арсовски, со 35 милиони евра почнува реализацијата на 99 инфраструктурни проекти во 75 градови.

„Станува збор за реализација на инфраструктурни проекти кои ќе им го подобрат квалитетот на живеење на граѓаните. Парите се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на детски градинки, реконструкција на основни и средни училишта, резервоари за вода, системи за водоснабдување и останати проекти,“ изјави тој.

Над еден милиони евра ќе добијат: Шуто Оризари, Штип, Чаир, Струмица, Тетово, Кичево, Струга за проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеењето на граѓаните. Градот Скопје ќе има на располагање над шест милиони евра за два проекти:клучката „Момин Поток“ и мостот „Карпош“. Во Тетово со вкупно 1,1 милион евра ќе се реконструира училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ и ќе се изгради патот „Благоја Тоска“. И Кичево со 1,1 милион евра следната година ќе реализира 4 проекти: Реконструкција на Центарот на градот, капела кај православните гробишта, центар за кучиња скитници и блок А, Б, В и котлара.

„Во Струмица парите ќе бидат насочени за регулација на порој „Св. Илија“ на потег од базна преграда до слив на река „Водочница“ во Општина Струмица со вкупна проектирана вредност од 1,4 милиони евра. Во Штип ќе се гради линија 2 со резервоар „Мерите“ – Општина Штип, во вредност од 1,2 милиони евра. Со 1,1 милион евра ќе се гради атмосферска канализација во Општина Шуто Оризари, и тоа на 4 улици. Во Струга со над 1 милион евра ќе се градат неколку патишта на територијата на оваа општина. Општина Чаир парите од 1 милион евра ќе ги насочи за да се реконструираат дел од  водоводните мрежи како и мрежите за канализација и фекални води,“ соопштија од Влада.

Според договорот со компанијата ТАВ склучен во 2008 година и дополнет со четири анекси, беше предвидено со 49 милиони евра да се изгради и карго аеродром. Промената е направена врз основа на анализа за проценка на економска оправданост од февруари 2020.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...