Извор на фотографија: Влада на РСМ

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 240 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 391 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, во Велес се лекуваат 29 болен, а во Куманово 43 пациент позитивeн и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 29 пациенти, во Прилеп 15, во ковид центарот во Гостивар 7, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 14 пациент, во Кочани 7 во Кичево 7, Кавадарци 7, а во Гевгелија 4 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.