fbpx

Вкрстувањето заврши, теренската проверка на списокот – нов предизвик за ДИК

-

Вкрстувањето на податоците во избирачкиот список е завршено, а утре на седница на Државната изборна комисија треба да се презентираат податоците од ИТ-секторот и да се изгласа извештајот, информираат неофицијално од ДИК за „Мета“. Откако извештајот ќе биде изгласан, треба да се потврди методологијата според која ќе се врши теренската проверка.

– Треба да се види колку спорни имиња се излезени од вкрстената проверка на податоците. Потоа треба да се одлучи колку тимови ќе се формиираат, па на тимовите да им се направи обука, па дури тогаш да почне проверката. Постои можност при теренската проверка да се наиде на разни случаи, на пример, некои да не сакаат да отворат врата. Значи, има пред нас уште многу предизвици – велат неофицијално од ДИК.

Засега никој од ДИК не сака да обелодени колку спорни гласачи произлегоа од избирачкиот список, кој треба да биде заклучен на 17 април, кога ќе биде ставен на увид на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...