fbpx

Јанева го достави извештајот до Собранието, Советот на обвинители и до медиумите

-

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, до Собранието на Република Македонија, Советот на јавни обвинители и до медиумите го достави извештајот за нејзината работа во првите шест месеци од основањето на Специјалното јавно обвинителство.

Извештајот е поделен на шест глави, во кои се наведени состојбите во СЈО од неговото конституирање, односно човечките ресурси со кои располага, просториите во кои работи, детален финансиски извешај за 2015 и за 2016 година, реализацијата на работниот план, финансискиот и на персоналниот план.

Во третата глава се наведени предметите што се отворени од СЈО, нивниот број, фазите во кои се наоѓаат кривичните постапки, а неведен е пописот на материјалите што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги достави до Обвинителството на крајот на минатата година.

Во извештајот е образложена и соработката на СЈО со другите државни органи и меѓународни институции, потоа односите со јавноста, а во последната шеста глава се поместени заклучоците.

Според ставот 1 од членот 7 на Законот со кој е основано Специјалното јавно обвинителство, на 15 септември минатата година, Јанева за својата работа е одговорна единствено пред Собранието и пред Советот на јавни обвинители.

„Јавниот обвинител ќе поднесува извештај секои шест месеци за неговите, односно нејзините активности, вклучувајќи и опис за напредок во која било истрага или гонење преземено од јавниот обвинител. Во таквиот извештај може да бидат изоставени материјали кои според јавниот обвинител треба да се чуваат како доверливи, но ќе обезбеди соодвети информации за да ги оправда трошоците“, стои во ставот 2 од истиот член на Законот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...