fbpx

Вистиномер: „Нов светски поредок“ нема да прави светска депопулација

-

Агенда 21 е еден од документите кои произлегоа од конференцијата на ОН за животната средина и развој одржана во Рио Де Женеиро. Во овој документ ги нема термините споменати во постот (видеото) што го рецензираме, како  „валута, војска, сувренитет…“. Агендата за развој 2030, пак, е резолуција усвоена од ОН во 2015 година, фокусирана на 17 цели кои треба да се постигнат за 15 години. Термини како „валута“, „војска“, „семејна единица“ „5 Г“, „приватен транспорт“, „авиопревоз“ и „синтетички дроги“, не се споменати во Агенда 2030, пишува Вистиномер.мк.

 

Вистиномер.мк рецензираше пост на Фејсбук во којшто се тврди дека на сцена настапува „нов светски поредок“ и дека, наводно, е претставена извесна „агенда на Обединетите Нации од 2021 до 2030 година“.

Рабинот Амнон Ицчак ги истакнува целите на новиот светски поредок: депопулација, крај на целиот имот во приватна сопственост, крај на семејната единица, имплантација на микрочип и поврзување со 5Г, глобален социјален кредитен систем, владата воспитува деца, нема веќе приватен превоз, автомобили само за неколку. Погледнете го видеото за повеќе информациивели авторот на постот, инаку познат предводник на теоријата на заговор „кју“ и предводник на антивакциналните протести во земјава.

Кои се целите на Агенда 21 на Обединетите Нации, како и целите на Агенда 2030?

Агенда 21 е еден од документите кои произлегоа од конференцијата на ОН за животната средина и развој одржана во Рио Де Женаиро. Во агендата има 31 ставка која ги адресира глобалните социјални и економски проблеми, зајакнување на улогите на жените, децата и работниците, како и предложени методи за имплементација. Во овој документ ги нема термините споменати во постот (видеото) што го рецензираме, како  „валута, војска, сувренитет“.

Но, некои термини се споменуваат во документот. Како на пример, централно банкарство се споменува кога се посочува дека треба да се создадат капацитети во земјите во развој. Но, ова не е опишано како „единствена светска централна банка“. Правата на сопственост, исто така, се адресирани, ама во контекст на штитењето на правата на жените на сопственост, но не како крај на цел приватно поседуван имот.

Термини како „валута“, „војска“, „семејна единица“ „5 Г“, „приватен транспорт“, „авиопревоз“ и „синтетички дроги“, не се споменати во Агенда 2030. Има референци за еднакви права и достап до земја и други форми на сопственост за сиромашни и ранливи жени и мажи, универзално здравствено покривање кое ќе осигура ефтини вакцини за сите. Но, Агендата 2030 не претпоставува глобален суверенитет над овие прашања, како што се тврди во постот.

Нема докази дека ОН ќе етаблираат „една светска влада“ со една војска и валута. Даниел Грос, портпаролка на генералниот секретар на ОН, за „Ју Ес Еј Тудеј“ посочи дека тврдењето е  фабрикувано.

Не, ова е лага. Ова не е документ кој е создаден од ОН, напиша Грос.

Авторот на извештај за конспирациски теории поврзани со Агенда 21, Хајди Беирихм за АФП Австралија изјави дека ова е десничарска теорија на заговор.

Освен тоа, Агенда 21 и Агенда 2030 не се правно обврзувачки! Агенда 2030 е предмет на секоја посебна земја и нејзините индивидуални заложби, нејзините индивидуални развојни политики, програми и развој.

Поради горенаведените факти, оценуваме дека не е вистина дека „нов светски поредок“ има намера да врши светска депопулација, да воведе крај на целиот имот во приватна сопственост, крај на семејната единица, имплантација на микрочип и поврзување со 5Г, глобален социјален кредитен систем, владата да воспитува деца, дека ќе нема веќе приватен превоз и дека автомобили ќе има само за неколку.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...