fbpx

„Вистеон електроник“ ќе престане со производство во Македонија

-

Фабриката „Вистеон електроник Македонија“, претходно „Џонсон контролс“, си оди од слободната зона Бунарџик, потврдија од компанијата во соопштение до медиумите.

Одговорната за комуникации на „Вистеон електроник“, Џона Кристенсен, објаснува дека компанијата планира да престране со работа во овие погони до крајот на 2016 година поради „вишок капацитети во европското производство на компанијата“.

Во моментов, во компанијата преговараат со потенцијален купувач за можноста „трета страна да ја преземе сопственоста на фабриката и да понуди вработување на дел од постојната работна сила“.

Според објаснувањето од компанијата, одлуката била донесена независно од какви било субвенции кои фабриката ги добивала пред „Вистеон електроник“ да стане сопственик на „Џонсон контролс“.

Фабриката „Џонсон контролс“ во Македонија се отвори на крајот од 2006 година. Минатата година дел од оваа компанија беше продаден на корпорацијата „Вистеон“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...