fbpx

„Викиликс“: Прислушувани разговори на Меркел за грчката криза

-

Телефонски разговори на германската канцеларка Ангела Меркел и на нејзиниот личен асистент, во кои разговараат за грчката криза и од кои се гледа нејзиниот скептицизам и сомнеж во начинот на решавање на кризата, објави „Викиликс“.

Меркел не била сигурна што би можело да ја спаси Грција, дали кратење на долговите или нови пакети на финансиска помош. Од транскриптите од разговорите направени во октомври 2011 година, се гледа дека канцеларката се плашела дека Грција, дури и да ѝ се простат дел од долговите, нема да може да ги реши своите проблеми. Американските тајни служби со години ја прислушувале германската канцеларка, а „Викиликс“ сега објави тајни документи што ги снимиле агентите на НСА.

Меркел, исто така, не била сигурна ниту дали на Грција може да ѝ помогне тим од финансиски стручњаци. Поинакво мислење од неа имал германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, кој ја поддржувал идејата да им се намали дел од долгот на Грците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...