Вибер воведе нова опција – бришење пораки без трага

Оваа услуга им овозможува на корисниците дискретно да ги бришат испратените пораки, без разлика дали примачите веќе ги прочитале

Фото: Bild von free stock photos from www.picjumbo.com auf Pixabay

Вибер им понуди на корисниците нова услуга, која ќе им помогне неприметно да ги отстранат трагите од нивните пораки.

Функцијата „Избриши без трага“ е достапна за корисниците на Вибер Плус, а останатите можат да ја испробаат бесплатно 30 дена.

Оваа услуга им овозможува на корисниците дискретно да ги бришат испратените пораки, без разлика дали примачите веќе ги прочитале.

Како што објасниле од Вибер, функцијата се воведува на барање на бројни корисници.

„Ќе продолжиме со практиката да користиме повратни информации од нашите корисници за да создадеме уште повеќе од нивните омилени функции, како што е „Невидлив режим“, и со тоа да создадеме повеќе причини за нивното задоволство и леснотија на комуникација“, изјави Офир Ејал, извршен директор на Ракутен Вибер.