fbpx

Ван Хојте: Решение за законот за необјавување „бомби“ до 20 октомври

-

Предлог-законот за необјавување на „бомбите“ е вратен на доработка во Собраниските комисии и ја поздравувам улогата на ДУИ која се одлучи на ваков чекор, изјави предмалку, белгискиот олеснувач, Питер ван Хојте, пренесе Телеграф.

За него партиите треба да најдат решение најдоцна до 20 октомври. Во врска со разговорите на работните групи за Изборниот законик тој рече дека има приближување во ставовите и очекува преговорите да траат цела ноќ.

– Партиите се блиску до договор околу Избирачкиот список и за државната изборна комисија. Идејата за активна регистрација најверојатно ќе се напушти, а гласачите ќе се проверуваат со комбинација од теренска проверка и споредба на податоците од неколку државни институции. Работата е речиси договорена и за ДИК која треба да брои 9 члена од сите четири партии, како и тројца независни експерти кои ќе бидат избрани со
консензус во Собранието – изјави тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...