Увидот во избирачкиот список за референдумот ќе трае од 9 до 23 август

-

Доколку на референдумот се случат неправилности на некои места кои може да влијаат на исходот од референдумот или на вкупната излезеност, односно цензусот, гласањето ќе се поништи само на тие избирачки места и гласањето ќе се повтори за 14 дена, односно на 14 октомври, а потоа резултатите од повтореното гласање ќе станат дел од резултатот од изборите.

Тоа го предвидува Правилникот за подготовка, организирање и спроведување на референдумот на државно ниво на 30 септември 2018 година, кој беше усвоен на денешната, прва седница на новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК).

Пред едногласно да биде прифатен предложениот правилник, генералниот секретар на ДИК Добре Јанчев образложи дека јавната пропаганда е почната од денот на распишувањето на референдумот, а ќе мора да заврши 48 часа пред почетокот на гласањето, односно на 28 септември, петок во 7 часот. Ќе се гласа на 30 септември од 7 до 19 часот и ќе бидат отворени сите гласачки места во земјава, освен оние каде што има помалку од 10 регистрирани гласачи.

Како што објаснија Јанчев и членот на ДИК предложен од СДСМ, Јанаќе Витановски, нормалните рокови за дејствијата поврзани со референдумот ќе се скратат за пет дена, поради краткиот рок во кој мора да се организира референдумот.

Витановски рече и дека со Правилникот ДИК прави обид да се надминат неусогласеностите на Законот за референдум и Изборниот законик, па одредбите во него се осмислени да овозможат успешно спроведување на референдумот.

Увидот во избирачкиот список ќе може да се врши преку веб-страницата на ДИК за избирачкиот список и во Општинските изборни комисии (ОИК) oд 9 до 23 август, а како што образложи членот на ДИК предложен од Беса, Енвер Салихи, гласачите ќе може да ги ажурираат податоците и преку веб-страницата, а не само во ОИК.

Избирачките одбори (ИО) на гласачките места овојпат, за разлика од изборите ќе бројат само три члена, односно нема да има членови на ИО од партиите, туку само од јавната и државната администрација, а како предлагач, Собранието ќе делегира свои претставници во ДИК, ОИК и на избирачките места. Партиите не ќе може да делегираат свои набљудувачи, оти станува збор за референдум, а не за избори, појасни претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

Како една од петте точки што беа едногласно усвоени, членовите на новиот состав си доделија себеси и на службите на ДИК трошоци за репрезентација, односно за кафе и сокови, во износ од 50 отсто од користените од претходните состави. Дневниците на членовите на ДИК остануваат во ист износ, објасни Деркоски. Тој рече дека ДИК покажува дека сака рационално да ги троши парите, за што доказ е денешната едногласна одлука.

-Како претседател, јас имам цел да го подобрам имиџот на ДИК -рече Деркоски, кој ја доби функцијата на предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

На новинарско прашање дали членовите на ДИК ќе си делат бонуси, како што правеше претходниот состав, и Деркоски и членовите се насмеаја и рекоа дека е сега прерано да се зборува за бонуси.

Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху рече дека трошоците за гласање на граѓаните со престој во дипломатско-конзуларните претставништва е преголем и е оптоварување на даночните обврзници и рече дека тоа треба да прекине. Таа побара сите такви гласачи да дојдат во Македонија за да гласаат. Реагираше Елизабета Постоловска, членка на ДИК предложена од ВМРО-ДПМНЕ која рече дека сепак законот предвидува гласање и во странство и тоа не може да се смени. Таа напомена дека од Министерството за надворешни работи побарале список на вработени во амбасадите и конзултатите кои би го спроведувале гласање и ќе се обидат да направат максимален напор да ги смалат трошоците.

На крајот на седницата, претседателот Деркоски се согласи со Шеху дека трошоците за гласање во странство се големи, но рече дека според законот ДИК е задолжена да го организира. Сепак, тој апелираше до Собранието за законски измени со кои тој проблем би се отстранил.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...