fbpx

Шеху: Гласањето во амбасадите е прескапо, иселениците да дојдат и да гласаат овде

-

Не цели 20 минути откако почна првата седница на новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК), таа беше прекината со пауза откако во салата новинарите негодуваа поради лошиот консекутивен превод од албански на македонски.

Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху рече дека гласањето во амбасадите во странство е прескапо и јавно ги повика сите граѓани со привремен престој во странство да дојдат и да гласаат во Македонија.

Претходно, на почетокот на седницата членот на ДИК предложен од СДСМ, Јанаке Витановски го образложи предлог-правилникот за организирање на референдумот на 30 септември и рече дека со него ДИК ќе направи обид да се надмине колизијата помеѓу Законот за референдум и Изборниот законик, за да може успешно да се организира референдумот.

Како што предвидува правилникот, една од разликите во однос на парламентарните, локалните и претседателските избори ќе биде тоа што членовите на избирачките одбори предложени од партиите да бидат исклучени, односно на референдумот ќе има само три члена на избирачки одбор, односно членовите од администрацијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...