fbpx

Утре изменет режим на сообраќај во центарот на Скопје поради подготовки за прослава на 8. Септември

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека утре и задутре во центарот на Скопје ќе биде воведен изменет режим на сообраќај поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста 8.Септември.

На 7 септември (вторник), почнувајќи од 11 часот затворени за сообраќај ќе бидат улиците “11-ти Октомври” и “Димитрие Чупоски” во правец на движење од ул. “Васил Главинов” до ул. “Филип Втори Македонски”, додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци.

Исто така, од 23 часот на 07.09.2021 до 11 часот на 08.09.2021 година, дополнително затворени за сообраќај ќе бидат улиците “Даме Груев” на потегот од крстосницата со улица “Македонија” до крстосницата со улица “11-ти Октомври”, улицата “Филип Втори” на потег од Кеј “13-ти Ноември” до улица “11-ти Октомври” и улицата “11-ти Октомври” на потегот од бул. “Кочо Рацин “до ул. “Даме Груев”.

„Согласно наведеното Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Сектор за внатрешни работи Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“, се вели во соопштението од МВР.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...