fbpx

Успешна акција за чистење на Студенчишко блато

-

По повод Светскиот ден на водите, 22 март, денеска граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ ја организираше првата акција за спасување на Студенчишко блато под мотото „За чисто блато, ето зато!“

Се чистеше просторот кај охридското блато од насобраното ѓубре. Учествуваа петнаесетина активисти, мегу кои најбројни беа активистите од локалното здружение за заштита на животни „Анималиа“.

– Во секој случај, ние сме презадоволни од денешната акција. Ѓубрето се собираше на три пункта, а површината за чистење е, сепак, голема, незгодна за одење, полно е со трња, шут, скршени стакла и друг отпад. Го одбележавме Светскиот ден на водите, го исчистивме просторот во и околу блатото, му олеснивме на езерото. Ние веруваме дека многу наскоро граѓаните од Охрид ќе почнат сè помасовно да ни се приклучуваат. Ние знаеме дека нема да се откажеме и дека ќе одиме до крај. Додека Студенчишко блато не се остави на мир. Додека Охридското Езеро не им се врати на охриѓани и на Македонија. Додека природата не ги добие почитта и третманот што ги залужува! Колку побргу сфатиме дека немаме резервна планета, толку подолго ќе си ја одржиме во живот оваа што ни е дадена – велат организаторите.

Групата „Охрид СОС“ е формирана за да се сврти вниманието и да се информира јавноста за опасностите што му се закануваат на екосистемот на Охридско Езеро доколку комплетно се реализира идејата за урбанизирање на Студенчишко блато.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...