fbpx

УНФПА го промовираше Извештајот за состојбите на светското население – 2014

-

Во изминатиот период, Фондот за население на Обединети нации (УНФПА) организираше низа работилници, за младите од Македонија да ги споделат своите идеи и визии за тоа во каква Македонија и во каков свет сакаат да живеат до 2030 година. Гласот на младите од Гевгелија, Штип, Охрид и од Скопје вчера беше пренесен во живо до повеќе од 20 земји во рамките на промотивните активности поврзани со објавата на Извештајот за состојбите на светското население – 2014.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, го поздрави ентузијазмот на младите за промени на општеството во кое живеат.

– Верувам дека е навистина значајно што младите имаат желба и активно партиципираат во давањето сугестии за подобрување на иднината, која токму тие ќе треба да продолжат да ја градат. Фокусот на младите е од големо значење, а давањето шанса токму тие да дадат издржани предлози за подобрување на состојбите, говори дека Македонија има млади луѓе кои еден ден активно ќе се вклучат во изградбата на подобар свет за живеење, според нивните желби и идеи – изјави министерот Спасов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...