fbpx

Украина поднесе тужба против Русија пред Меѓународниот суд на правдата

-

Украина поднела тужба пред Меѓународниот суд на правдата против Русија поради нелегалната анексија на Крим и незаконското финансирање на сепаратистичките бунтовнички групи.

Во тужбата, која денеска ја објави судот на ОН во Хаг, се наведува дека Киев ја обвинува Москва за „воена интервенција во Украина, финансирање тероризам и за кршење на човековите права на милиони украински државјани“.
Киев во тужбата бара компензација за инцидентите во кои имало жртви, вклучувајќи го и уривањето на авионот на компанијата „Малезија ерлајнс“ во 2014 година.

Во тужбата стои дека руското присоединување на Крим е „дрско пркосење на Повелбата на ОН и земање дел од украинска суверена територија со воени сили“.

Датумите на сослушувањето сè уште не се објавени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...