fbpx

Укинување на екстерното – прв предлог на СДСМ до Собранието

-

Пратениците на СДСМ денеска до Собранието на Република Македонија ќе ги достават предлог-измените на Законите за основно и за средно образование за укинување на екстерното тестирање.

Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) и пратеник во Собранието, Стефан Богоев, на прес-конференција истакна дека очекуваат измените на законите да бидат донесени по скратена постапка и со тоа уште оваа година да се укине екстерното тестирање за учениците од основното и од средното образование.

– Ветивме дека меѓу првите наши приоритети ќе биде укинувањето на штетниот таканаречен проект екстерно тестирање што предизвика трауми кај учениците, стресови кај родителите, казни за наставниците. Сакаме да ги заштитите учениците, родителите, наставниците и професорите уште оваа година, да не треба да поминуваат низ голготата низ која поминуваат години наназад – рече Богоев, додавајќи дека овој проект дал негативни резултати, наместо да влијае на подоборување на образовниот процес.

Богоев ги повика сите политички партии да го поддржат овој предлог на СДСМ, „во интерес на учениците, наставниците, родителите и на граѓаните“.

Инаку, Државниот испитен центар на почетокот на мај ги објави прашањата за екстерното тестирање, кое треба да се одржи од 5 до 9 јуни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...