УЈИЕ започна со предавања, УКИМ на 4 октомври, „ДУТ“ и „Мајка Тереза“ сè уште не утврдиле датум

Филолошки факултет „Блаже Конески“. Фото: Арбнора Мемети

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) од понеделникот започна со редовни предавања, со хибриден систем на настава, за студентите од сите студиски циклуси. Ректорот на УЈИЕ истакна дека се направени сите максимални подготовки за строго спроведување на препораките за хигиена, одржување на растојание и лична заштита за време на пандемијата, пишува „Порталб.мк“.

Дел од студентите на овој универзитет за „Порталб.мк“ изјавија дека предавањата се одржуваат редовно според одредени протоколи. Другите универзитети сè уште не започнале со предавања.

Предавањата ќе се изведуваат директно со студенти кои ќе имаат можност да бидат присутни на час, додека студентите кои доаѓаат од други земји ќе можат да ги следат преку онлајн, преку камери инсталирани во секоја училница.

Ректорот на УЈИЕ истакна дека ги направиле сите потребни подготовки за целиот период на пандемијата.

„Новата академска 2020/21 година, во услови на пандемија Ковид-19, ја започнуваме како никогаш порано, полни со здравствени предизвици, но и тестови за справување и внимателно управување со ситуацијата. Свесни за опасностите, институционално направивме максимални подготовки за прецизно спроведување на сите препораки за хигиена, растојание и лична заштита во текот на целиот период на пандемија“, истакна ректорот на УЈИЕ, Абдулменаф Беџети.

Од друга страна, студентите на УЈИЕ истакнаа дека предавањата се одржуваат прописно според одредени протоколи.

„Сè беше во ред. Прво на влезот од дворот на универзитетот на сите студенти им беше измерена температурата, а потоа на влезот на секоја просторија на универзитетот биле обврзани да ги дезинфицираат нозете во сунѓер ставен пред вратата. Додека предавањата се одржуваат редовно со оддалечени клупи и сите моравме да носиме маски, на студентите кои не беа присутни, им беше овозможено да се поврзат онлајн и да го слушаат предавањата на професорите“ – истакнаа неколку студенти на УЈИЕ.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе започне со предавања на 4 октомври. Додека „Државниот универзитет во Тетово“ и Универзитетот „Мајка Тереза“ сè уште немаат донесено одлука за ова прашање.