Двајца полицајци биле застрелани во саботата наутро додека седеле во нивното службено возило во Бруклин. Полицјаците биле убиени од Исмаил Бринсли (28), кој допатувал од Балтимор заколнувајќи се дека ќе убие двајца полицајци. Од њујоршката полиција велат дека убиецот откако стрелал во полицајците, се самоубил со истиот пиштол.
Полицијата се сомнева дека пред да допатува во Бруклин, убиецот во Балтимор ја застрелал својата поранешна девојка во стомакот, но таа преживеала. На социјалните мрежи тој напишал дека планира да убие полицајци како одмазда поради убиството на двајцата невооружени Афроамериканци од страна на полицијата.
Американскиот претседател Барак Обама го осуди вчерашното убиството и порача дека претставниците на полицијата заслужуваат почит и благодарност за нивната секојдневна работа.
Претходен написДоделување на државната награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин“
Следен написПриведени 88 имигранти во Албанија
Поврзани написи
Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна
Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство.
Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...
Фотографија од погрешен човек објавена како да е од осомничен за убиството на малата Данка
Во повеќе објави на Фејсбук споделена е погрешна фотографија на еден од осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Србија. „Вистиномер“ се обрати кај Бранислав Јанковиќ и тој...
Мажите кои дефилираат во црвени потпетици, всушност протестираат против родовото насилство
Мажите прикажани на видеото во објавата, носат високи потпетици за да ја кренат свеста кај населението против родовото насилство и за да помогнат да се соберат средства за жртвите...
Нашите вести во вашето сандаче
Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката
Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...