fbpx

Убиен командант на ИД

-

Висок командант на Исламска држава, Хафез Саид е убиен во воздушен напад извршен во источниот дел на Авганистан, соопштија авганистански безбедносни претставници.

Саид бил лидер на Исламска држава во т.н. држава Коросан, соопштија од Националната дирекција за безбедност на Авганистан. Коросан е стар термин за Пакистан и Авганистан.

Командантот е убиен заедно со уште 30 други милитанти, кои доцна синоќа се собрале во областа Ацин, во провинцијата Нангарар,, се вели во соопштението на Дирекцијата, без притоа да се откријат детали за нападот.

Саид, кој е роден во Пакистан, бил член на една мала група на Талибанците се заколнале на лојалност на Исламска држава во Авганистан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...