fbpx

Ципрас со критики до Турција за упаѓање во грчкиот воздушен простор

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас преку „Твитер“ упати критика кон турскиот премиер Ахмет Давутоглу поради упадот на турските авиони во грчкиот воздушен простор.

Ципрас во пораката на „Твитер“ напишал дека грчките пилоти, „за цела среќа“, не се темпераментни како турските пилоти против Русите.

– Тоа што се случува во областа на Егејското Море е неверојатно. Трошиме милијарди на оружје. Вие за да упаднете во нашиот простор, а ние за да ве пресретнеме – напиша Ципрас во вториот твит.

И Ципрас и Давутоглу вчера во Брисел учествуваа на самитот ЕУ-Турција за бегалската криза.

Грчкиот премиер напиша дека Атина и Анкара треба да се фокусираат на спасување на бегалци, а не на оружје.

Давутоглу одговори само на првата порака на Ципрас, со оцена дека „таквите коментари не се во духот на состанокот во Брисел“.

На профилот @Tsipras_EU избришани се пораките на англиски, но и понатаму може да се прочитаат на грчки на @atsipras.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...