fbpx

Триесет загинати во три експлозии во Хомс

-

Најмалку 30 лица загинаа во три експлозии што утринава го потресоа сирискиот град Хомс, јавува сириската новинска агенција „Сана“.

Бомбите експлодирале во близина на главниот плоштад во Хомс, во подрачјето Ал Захра.

Според првичните информации, бомбаш-самоубиец се разнел, а веднаш потоа експлодирал и автомобил-бомба. Набргу потоа уште една експлозивна направа била детонирана на подрачјето каде што бил изведен првиот напад.

Според наводите на неименуван полициски извор, во експлозиите загинале повеќе од 30 лица.

Сириската државна телевизија јави дека во експлозиите загинале 14, а повредени се 132 лица.

Нападите се изведени десетина дена откако припадниците на ИД детонираа експлозии во истото подрачје, при што загинаа 16 лица.

ИД под своја контрола држи големи делови од провинцијата Хомс, вклучувајќи го и древниот град Палмира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...