fbpx

Трета лидерска средба за прв чекор кон решение

-

Во Клубот на пратеници во Скопје, денеска ќе се одржи третата лидерска средба. На средбата ќе учествуаат Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Медух Тачи од ДПА. Излезот од политичката криза, тие ќе го бараат пред очите на набљудувачите – американскиот амбасадор Џес Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав.

Втората лидерска средба заврши без конкретен договор. Утредента во Стразбур, Груевски и Заев имаа десетчасовна средба со тројцата европратеници, Ричард Ховит, Иво Вајгл, Едуард Кукан и со еврокомесаорот Јоханес Хан. Од таа средба не се објавија детали за евентуално решение и за излез од политичкиот ќор-сокак.

Денеска се очекува лидерите на ДУИ и на ДПА да излезат со заедничка платформа, а СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба да предложат модели за решение на неколкумесечната криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претседателката Сиљановска Давкова на „Галичка свадба 2024“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова присуствуваше на културно-сценската манифестација „Галичка свадба“, што традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата. „Претседателката изрази задоволство од континуитетот со кој доследно се промовираат...