fbpx

Трајановски се сретна со Бејли

-

Новиот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Џес Л. Бејли, денеска се сретна со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

На средбата, градоначалникот Трајановски го запозна амбасадорот Бејли со историјата на градот Скопје, а зборуваше и за проектите на кои тој е фокусиран и кои се од приоритет за Град Скопје.

Градоначалникот Трајановски се осврна и на досегашна соработка помеѓу Градот Скопје и Амбасадата на САД во Република Македонија, како и на соработката која Градот Скопје ја има со збратимениот град од САД, градот Темпи од сојузната држава Аризона.

На средбата, градоначалникот Трајановски и амбасадорот Бејли зборуваа и за состојбите во локалната самоуправа во Република Македонија, соработката на Градот Скопје со централната власт и соработката со останатите општини во Скопје, како и за системот на финансирање на локалната самоуправа во Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...