fbpx

Традиционална полска вечер на „Охридско лето“

-

На програмата од јубилејното 55.  „Охридско лето“, синоќа во црквата „Света Софија“ се одржа традиционалната полска вечер. Настапија пијанистот Славомир Зубрицки , тенорот Рафал Зураковски и пијанистката Ана Мерник.

Полскиот пијанист, композитор и изработувач на инструментот виола-оргули, со неговиот прв настап во Охрид и во Македонија преку фестивалот „Охридско лето“, всушност го промовира својот инструмент во нашата држава.

– Ова е мојот прв концерт во Македонија. Ова место, оваа црква е навистина импресивна и акустиката е апсолутно фантастична. Чувствував како совршено звучеше мојот инструмент овде и уживав поради тоа. Сум свирел на различни места во Европа, Финска, Шведска, Белгија, Италија, па дури и во Турција, во цркви и во дворци. Претпочитам да настапувам во цркви, но овде, во „Света Софија“ акустиката е навистина многу длабока – изјави Зубрицки по завршувањето на концертот.

Идејата за изработка на инструментот виола-оргули почнал да ја развива во 2006 година откако внимателно ги разгледувал и анализирал скиците на Леонардо да Винчи.

– До 2006 година се чудев зошто никој досега не дошол до идеја да направи ваков инструмент според скиците на Леонардо да Винчи стари 500 години. Тогаш почнав со развивање на идејата како да се направи инструментот и ги прегледував скиците на Да Винчи. Годинава настапував во Милано и тоа беше посебна можност за мене да се запознам со родната куќа на Леонардо да Винчи и со местото од каде потекнува инструментот – вели Зубрицки.

Годинава овој виртуоз планира да сними албум со својот инструмент, но бидејќи нема композиции кои се создавани специјално за виола-оргули, како што рече, се труди да прилагоди одредени композиции создавани низ вековите наназад.

Полската вечер е традиционална на фестивалот „Охридско лето“. Во фестивалската историја ќе остане запишан концертот со еден од најславните композитори на денешницата – Кшиштоф Пендерецки. Минатата година посебна атракција беше концертот на ексклузивниот гудачки квартет „Моз-арт гроуп“ од Полска.

Вечерва на програмата е Шекспировата „Многу врева за ништо“ со актерите на Народниот театар од Сомбор, Србија и со режисерката Ана Ѓорѓевиќ.

В.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...