Како малата кожна топка на Танос и Трифон му го спаси животот на Иван

-

Кога 6 годишниот Танос и 11 годишниот Трифон заедно со своите родители ја изгубиле малата кожна топка на плажата Евгати на островот Лемнос, не можеле ни да претпостават дека таа 10 дена подоцна ќе му го спаси животот на Иван повеќе од 130 километри подалеку од нив.

Според информациите на грчкиот портал Вориа.гр, на 30 јуни децата си играле со нивната омилена топка сè додека во одреден момент таа не им излегла од контрола и ја одвлекле морските струи. Всушност, еден пливач кој во тој момент случајно се нашол на местото на настанот се обидел да ја фати, но безуспешно.

Девет дена подоцна, на 9 јули, 30 годишниот Иван, заедно со неговите двајца другари, Васил (25 г.) и Мартин (28 г.) го прославувал својот роденден на плажата Митис, на првиот крак на Халкидики, Касандра. Васил и Мартин решиле да влезат во морето да се искапат, но додека да забележат дека морските струи се исклучително силни веќе било предоцна да се вратат. Иван сфатил дека нешто не е во ред. Гледајќи дека неговите пријатели се во опасност, 30-годишникот донел одлука да влезе во водата за да им помогне. Но, силните морски струи – кои ги спречуваат дури и мештаните да пливаат таму – го однеле и него.

Васил успеа да го спаси грчката крајбрежна полиција уште истиот ден благодарејќи на една сурферка која го забележала во водата, а Иван и Мартин ги повлекле струите.

Иван беше пронајден на 10 јули, по 18 часа поминати во водата држејќи ја истата кожна топка која Танос и Трифон ја загубиле 10 дена претходно на островот Лемнос оддалечен повеќе од 130 километри.

Држејќи се за топката, Иван успева да остане на површината на водата многу часови, таа му помогнала да се одмори и да земе здив за да не попушти од исцрпувачкото, долгочасовно пливање.

Во изјава за Вориа.гр, Иван рекол дека топката, иако била полунадувана, му помогнала да остане жив.

Фокусот на потрагата сега е третиот од групата, 28-годишниот Мартин по кој сè уште се трага. Според Вориа.гр тој е неискусен пливач, а веќе е во морето околу 40 часа. Сепак, како што покажа приказната со Иван и топката на Танос и Трифон, надежта последна умира.

Продолжува потрагата по третото момче кое изчезна во водите на Егејско Море на Халкидики

ИзворВериа.гр

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори со кои...

Не кликајте на линкови за наводни наградни игри и инвестирање во виртуелни валути

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид денеска, од повеќе профили на неколку социјални мрежи, евидентирал зачестени објави во кои, од граѓаните се бара со „клик“ на линкот, да ја отворат...

Украинската безбедносна служба испрашува двајца севернокорејски војници

Украинската служба за безбедност продолжува да испрашува двајца севернокорејски војници заробени како воени заробеници во регионот Курск. Украинскиот претседател Володомир Зеленски нуди размена на затвореници ако Ким Џонг Ун помогне во...

Бензинот Еуросупер 95 поскапува за 1,5 денари

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива...

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори...