fbpx

„Титан Усје“: Нема поврзаност меѓу цементарницата и квалитетот на воздухот во Скопје

-

Нема корелација меѓу работата на цементарницата „Титан Усје“ и квалитетот на амбиентниот воздух во градот. Резултатите од мерењата на сите емисиони точки во процесот потврдуваат дека нема надминување, а концентрацијата на РМ10 честичките во амбиентниот воздух измерена во „Усје“ е дури и помала од други мерни места во градот.

Ова е наведено во реакцијата од цементарницата, откако денеска на прес-конференција градоначалничката Данела Арсовска најави кривична пријава за „Усје“ бидејќи го загадува амбиенталниот воздух.

Кривична пријава од Град Скопје за цементарницата „Титан Усје“ поради загадување на воздухот

„Ги отфрламе неоснованите ставови изнесени во јавноста од страна на градоначалничката. Вонредната контрола од страна на Државниот инспекторат за животна средина, спроведена на 3 и 4 јануари, во присуство и на инспектори од град Скопје, потврди дека емисиите од производниот процес во цементарница „Усје“ се пониски од дозволените гранични вредности. Производниот процес во се одвива во законски определените рамки и според еколошките стандарди“, тврдат оттаму.

Во соопштението е наведено дека на прес-конференцијата, Арсовска изнела податоци за мерења на 26 и 27 декември 2022 година, за кои во цементарницата тврдат дека воопшто не се направени.

Оттаму велат дека редовно се вршеле независни мерења кои покажале дека сите емисии, вклучувајќи ги и емисиите во котларата, се под законски дозволените граници.

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска денеска на прес-конференција кажа дека иницирала покренување кривична постапка против цементарницата „Титан Усје“ зашто го загадува воздухот, почвата и водата, со што се предизвикува опасност за животот и здравјето на луѓето.

„При мерењата на амбиенталниот воздух во фабриката, се забележани големи концентрации на штетни честици кои значително придонесуваат кон нарушување на квалитетот на воздухот на целокупното подрачје на градот. Во декември измерени се три пати повеќе ПМ10 честички кои се испуштаат во атмосферата, а слични резултати добивме и при мерењето кое е извршено на почетокот на овој месец. Станува збор за испуштање на три пати поголеми количини од дозволените, на метар кубен, секој час“, кажа Арсовска.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...