fbpx

Тенкови и пукање во центарот на Рафах, и покрај меѓународните апели против офанзивата

Окупацијата на Рафах доаѓа само неколку дена откако Меѓународниот суд за правда во Хаг порача да не се нападне Рафах. Денови подоцна, Израел изврши напад врз шатори со раселени лица во Рафах, каде загинаа најмалку 45 лица

-

Израелски тенкови пристигнале во центарот на Рафах, велат очевидци и локални новинари, а пренесува Би-би-си.

Тенковите биле забележани околу кружниот тек кај џамијата Ал-Авда. Станува збор за клучен дел од Рафах, каде се наоѓаат банки, владини институции, како и продавници.

Имало и интензивно пукање во центарот на градот. Очевидец вели дека израелски војници биле позиционирани на кров на зграда, од каде пукале „при какво било движење“.

Израелските сили досега не го коментираа присуството на тенковите, велејќи дека само продолжуваат со својата офанзива во Рафах.

Рафах до неодамна беше дом за поголемиот дел од раселеното палестинско население во Газа. Поради страв од копнената офанзива, повеќе од милион луѓе го напуштиле градот изминатата недела. Голем дел од нив биле неколку пати раселени.

Светски лидери, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Риши Сунак, со месеци го предупредуваат Израел да не води копнена офанзива во Рафах, поради потенцијалните катастрофални хуманитарни последици.

Дополнително, пред само четири дена, Меѓународниот суд за правда (МСП) во Хаг му порача на Израел да не го нападне Рафах.

Два дена по пресудата на МСП, Израел изврши напад врз шатори со раселени лица во Рафах. Најмалку 45 лица загинале во нападот, од кој на социјалните мрежи се ширеа грозоморни видеа – изгорени тела како се извлекуваат од запалените шатори, како и човек кој безнадежно држи в раце изгорено дете, пронајдено без глава.

Западните земји строго го осудија нападот во Рафах. Францускиот претседател Емануел Макрон му порача на Израел да го почитува меѓународниот закон и повика на итен прекин на огнот. Министерството за надворешни работи на Германија, еден од најсилните сојузници на Израел, рече дека „сликите на изгорени тела, вклучително и деца, од воздушниот напад во Рафах се неподносливи“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече нападот „трагична грешка“ и рече дека се спроведува истрага за истиот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ВМРО-ДПМНЕ повторно ја враќа оградата од ковано железо околу Владата

Меѓу многуте одлуки од денешната, втора седница на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, донесена е и одлука за враќање на оградата околу владината зграда, која беше отстранета пред пет...