fbpx

ТЕЦ „Неготино“ ќе започне со производство на струја во декември

-

Владата даде согласност да се активира термоелектраната „Неготино“ за производство на електрична енергија за претстојнава зима. Производството на струја ќе треба да започне во декември, а претходно ќе се изврши проверка и тестирање на опремата. Неговата моќност е околу 180 мегавати, односно речиси колку еден блок на РЕК „Битола“.

Владата даде согласност за соработка помеѓу АД „Електрани на Северна Македонија“ и АД ТЕЦ „Неготино“ за набавка на мазут и производство на електрична енергија за периодот до април 2022 година, со можност за продолжување на неговата работа ако има потреба.

„Цената на електричната енергија на берзите секојдневно расте и во моментот изнесува 283 евра/мегават-час. Со сегашната регулирана цена на мазутот од 36 ден/кг, производната цена на ТЕЦ Неготино доколку работи со еден котел ќе изнесува околу 175 eвра/мегават-час, додека ако работи со два котла ќе изнесува околу 150 eвра/мегават-час“, информираат од владината прес-служба.

Владата ќе ја помогне набавката на мазутот за првиот месец, во што со свои средства ќе учествува и АД „ЕСМ“. Со средствата што ќе се остварат како обрт од продажбата на струјата, АД „ЕСМ“ ќе може да ги искористи за набавка на мазут за понатамошно производство, доколку има потреба за тоа.

„Произведената електрична енергија во ТЕЦ Неготино, АД „ЕСМ“ ќе ја искористи во еден дел за потребите за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи во случаи на кусоци, дел ќе понуди за потребите на АД „МЕПСО“, додека вишокот електрична енергија, ЕСМ Продажба преку Стопанската комора ќе ја понуди на продажба на слободен пазар на домашните стопански субјекти, по цени пониски од цените на берзата“, информираат од владата.

Инаку, термоелектраната „Неготино“ е изградена во 1978 година, а последен пат работела во 2009 година. Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ во изминатиов период изврши оспособување на индустриската пруга, која води од железничкиот Коридор 10 до самата термоелектрана за да може да се транспортира мазутот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...