fbpx
Таг: железница

таг: железница

И ТАВ би можел да се вклучи во воведување на директен воз до скопскиот аеродром

По неодамнешната најава на Министерството за транспорт и врски дека до 2030 година ќе се воведе директен воз меѓу Транспортниот центар и Меѓународниот аеродром во Скопје, експертите бараат од македонската влада што побрзо да инвестира во директно железничко поврзување на аеродромот со главниот град. Проектната документација за изградба на крак од постојната пруга Скопје - Куманово до самиот аеродром треба...

Возот од Битола кон Грција ќе може да тргне напролет

Приближно 95% од градежните работи за изградба на пругата од Битола до Кременица на македонско - грчката граница се завршени. Во претстојните месеци треба да се изведат завршните работи за инсталација на опремата за сигнализација и телекомуникација, пристапните патишта и приклучувањето на железничките објекти на електрична енергија, водоводна и канализациона мрежа. „Завршување и комплетирање на работите на пругата како целосен...

Хоророт на локалните железнички станици: Руинирани, ладни, темни и неопремени

Незатоплени, празни, неосветлени и со уништен ентериер - ваква е состојбата на најголем дел од железничките станици во Македонија. Особено лоша е состојбата на објектите што се наоѓаат долж пругите Велес - Кочани и Скопје - Кичево, како и на железничките станици што се наоѓаат во помалите рурални средини. Граѓаните од Кичево, Гостивар, Тетово, Штип, Кочани и Куманово секојдневно...

Дрезина пред секој воз: МЖ со нови мерки за безбедност на критичните места (инфографик)

Македонски железници - Инфраструктура презема превентивни мерки за обезбедување максимална безбедност на патниците што патуваат со воз. По двете железнички несреќи што се случија на почетокот од годинава, вработените од железницата вршат континуирана визуелна контрола на косините долж пругите, при што сомнителните карпи се отстрануваат за да не дојде до сличен инцидент во иднина. Дополнително, на критичните места каде...

Велосипед не може да влезе во македонските „кинески“ возови

И покрај тоа што беа набавени како нови, со кинеските возови нема можност да се врши превоз на велосипеди. Македонија е една од ретките европски земји во која не постои одвоен простор наменет за велосипеди во вагоните. Во новите моторни гарнитури е невозможно да се внесе велосипед, а притоа да не се блокира некоја од вратите или коридорот за минување...

Железничка изолација: Скопје – Блаце ни е единствениот меѓународен воз (инфографик)

Од македонскиот главен град со воз во странство може да се патува единствено до Блаце. Брзиот воз до Приштина е единствената странска дестинација до која можат да патуваат граѓаните. Во актуелниот возен ред на Македонски железници - Транспорт е наведено дека возот кон Солун и Белград ќе сообраќа само налето. Воедно, од Железничката станица во Скопје за годинава се предвидени...

Сериозна градежна патна и железничка инфраструктура најавува Анѓушев за 2019

Во организација на Канцеларијата на премиерот се одржа неформална предновогодишна средба и дружба на економскиот тим министри во Владата со претседателите на стопанските комори и претставници на бизнис-секторот. Во рамките на оваа средба, вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев стави акцент на плановите за четирите клучни области, индустријата, трговијата, градежништвото и земјоделството кои имаат сериозно учество во...

ЕУ ќе обезбеди 68,6 милиони евра за модернизација на железницата

Владата потпиша Договорот за грант во износ од 68,6 милиони евра наменет за ко-финансирање, доделен од Европската унија преку Инвестициската програма за Западен Балкан (ИПЗБ), за модернизација на железницата. Овој грант ќе биде искористен за ко-финансирање на изградбата на приближно 34 километри железничка инфраструктура, од Бељаковце до Крива Паланка, втора фаза на проектот за Коридор 8, кој откако ќе биде финализиран,...

Анѓушев: Изградбата на автопатиштата и железницата ќе го раздвижат градежништвото

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев рече дека зголемениот домашниот бруто-производ (БДП) од 3,1 проценти се должи на влијателните фактори како што се индустријата, градежништвото, земјоделството и трговијата, каде што се бележи најголем пораст. - Во делот на градежништвото кога имавме пад од 40 проценти, БДП беше зголемен за 0,1 процент во првиот квартал. Градежништвото се уште има помали резултати во...

Сугарески: До крајот на годината ќе заврши изградбата на пругата Битола – Кременица

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески заедно со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска извршија увид во изградба на пругата Битола - Кременица. Пругата е со должина од 16 километри, а инвестицијата е во вредност од 17, 2 милиони евра. Од нив, шест милиони евра се грант од Европската унија, а 11 милиони евра се обезбедени од буџетот. Сугарески потенцираше дека ова...

Жбогар: Сакаме луѓето полесно да патуваат и да се овозможи економски развој

Вицепремиерите Кочо Анѓушев, Бујар Османи, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и шефот на делегацијата на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар, извршија увид на реконструираните железнички станици во Велес и во Чашка, како дел од кампањата „ЕУ за тебе“ со која се промовира поддршката од ЕУ за подобрување на инфраструктурата во земјата. Во рамките на соработката, реновирани се 10 железнички...

Железничкиот сообраќај на пругата Велес – Гевгелија се одвива нормално

Железничкиот сообраќај Скопје - Велес - Гевгелија функционира нормално и неточни се информациите дека е во прекин, информираат од „МЖ-Инфраструктура“. „На 14 март кога имаше одрон на карпите на пругата Велес - Гевгелија, односно помеѓу станиците Велес - Згрополци, екипите веднаш излегоа на терен со целата механизација и за краток временски период во целост ја расчистија пругата од карпите. Со...

Сугарески пред француски компании ги претстави инфраструктурните проекти

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, пред претставници на компании од Франција ги презентираше крупните инфраструктурни проекти кои во наредниот период ќе се реализираат во државата. На средбата организирана од страна на францускиот амбасадор во Македонија, Кристиан Тимоние, министерот Сугарески посебен акцент стави на изградбата на автопатиштата и експресните патишта, железницата на Коридор 8 и гасификацијата. - Во однос на...

Железничките делници на Коридорот 8 се заеднички приоритет на земјите од регионот

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, денеска учествуваше на втората министерска конференција за транспорт што се оддржува во Варшава, Полска. На конференцијата на која присуствуваат министрите за транспорт од земјите од Централна и од Источна Европа и од Кина, се разговара за развојните стратегии во насока на реализација на инфраструктурните и транспортни проекти и нивното регионално значење. Апостолска ја...

Нема регионален развој без железничко поврзување

Еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц, која денеска учествува на „Самит 100“, на средбата со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, порачала државите од Западен Балкан повеќе да се поврзат железнички и да ги искористат парите од ЕУ за таа намена. Сугарески информираше дека темата на разговор била да се забрза железничкото поврзување помеѓу Македонија и Бугарија, за кој се...

Сугарески: ЕУ додели грант од 35,4 милиони евра за изградба на патот Градско – Дреново

Министерството за транспорт и врски во име на Владата потпиша нов билатерален договор со Европската Унија за ко-финансирање на проектот за „Изградба на експресниот пат на делницата Дреново - Градско, како дел од крак 10-Д на патниот Коридор 10“, информираше денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Тој додаде дека овој нов договор со ЕУ е од исклучително значење за...

Сугарески информираше за деталите за изградбата на железничката мрежа со Бугарија

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска информираше за деталите од меморандумот за разбирање помеѓу Македонија и Бугарија за развој на железничката мрежа. Тој истакна дека потпишувањето на овој меморандум е услов за одржлив економски пораст и развој во регионот. - Со меморандумот се обврзуваме во наредниот период да ја доизградиме и да ја модернизираме пругата до границата со Бугарија, а...

Желeзничкиот сообраќај е нормализиран, владата постигна договор со штрајкувачите

Владата и вработените кои штрајкуваат во „МЖ - Транспорт“ постигнаа договор за прекин на блокадата на железничкиот сообраќај. Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, изјави дека Владата во наредниот период ќе се заложи за обезбедување што поголем обем на работа на „Македонски железници“, а се разгледува и идејата за либерализација на железничкиот транспорт. Анѓушев нагласи дека покрај договорот за зголемување на додатоците...

Компаниите бараат функционалност на Коридорот 10 зашто нема алтернатива

Воспоставувањето целосна инфраструктурна функционалност на Коридорот 10 и обезбедувањето непречен пристап на стоките од и до пристаништето во Солун треба да биде приоритет, бидејќи во моментов нема алтернатива. Ова е еден од заклучоците на тркалезната маса на тема „Сигурност во снабдувањето со стоки и со нафтени деривати - Можности и алтернативи“, која се одржа во Стопанска комора на Македонија. - Инфраструктурата,...

Грчките блокади и замрзнатиот Дунав ја оптоварија железницата, се бара вагон повеќе

Железничкиот превоз e оптоварен и капацитетите на возовите се целосно исполнети, алармираа македонските компании кои бараат алтернативен превоз поради блокадата на граничниот премин Евзони од страна на грчките земјоделци, која трае веќе една недела. Директорот на Македонска железница „Транспорт“, Никола Костов за „Мета“ вели дека нема прекин на железничкиот сообраќај и редовните коминтенти се сервисираат навремено, но побарувачката за железнички превоз...

Во Македонија се спроведуваат демократски и непосредни избори, а не избори под окупација

Во Македонија од нејзината независност па до денес, се спроведуваат демократски, слободни и непосредни избори. Никој во Македонија не може да спроведува избори под окупација, бидејќи тоа е противуставно,...